На децата им се продаваат цигари на парче – загрижувачки феномен пред тетовските училишта

September 22, 2023
1 min read

реклама



Ќе ги земеш овие пари и ќе одиш да купиш кај оваа продавница цигари рефус.

Дали продавате рефус цигари за 20 денари?

реклама

Иако има само 10 години, ова дете без никаков проблем успеа да купи цигари во една продавница пред основното училиште „Истикбал“ во Тетово. Дури не купи цел пакет, туку само 2 цигари, колку што може да си дозволи. Тоа треба да претставува аларм за сомнеж кај продавачот, дека децата можеби пушат цигари, но како и да е продавачот му продаде е цигара за 10 денари иако е забрането продажбата на цигари и алкохол на лицата под 18 години.

Но не сите го прават тоа. Бевме и кај училиштата „Наим Фрашери“ и „Кирил и Методи“, каде продавачот не му продаде ниту кутија цигари ниту рефус.

реклама

Дали држите рефус цигари?

„Не, не држиме рефус, но… не, не, не држам воопшто цигари“.

реклама

Продавањето рефус цигари е забрането со закон и продавачот не смее да отвори кутија со цигари.

Бевме и кај Трудовиот инспекторат.

„Од Трудовиот инспекторат ни рекоа дека постојано вршат контроли посебно кај продавниците пред основните училишта“, вели репортерот на ТВ21.

Додека нема поригорозни мерки од институциите, продажбата на цигарите, алкохолот и енергетските пијалаци на децата, останува на совеста на продавачите.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОМД со апел до Македонците од Алнбанија: Излези и попиши се како Македонец

Следно

Мицкоски: Нема да има уставните измени, ниту еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop