На -5° градинката во Добри Дол без храна и струја – Врапчиште и министерството во судир на надлежности

February 10, 2025
1 min read

Без струја и храна за децата остана градинката „Пранвера“ во Добри дол, Врапчиште. Министерството за социјална политика ја обвинува општината дека намерно ја прекинала струјата и го земала возилото кое доставувала храна.

„…со земање на возилото за дистрибуција на храна, вршат тешка повреда на нивните овластувањата на штета на нивните најмлади жители на општината – децата. За иронијата да биде уште поголема, денеска на 10 февруари 2025 година, по налог на Општината, во главната зграда на градинката во село Врапчиште, која е составен дел на училиштето, беше исклучено парното и струјата на температура од -5 степени. Покрај сериозното прекршување на законот, градоначалникот на Врапчиште со својот последна постапка ги прекрши и правата на децата од Конвенцијата за правата на детето“.

Но, дали ова се случува затоа што Министерството за социјална политика и ги одзема ингеренциите на Општината? Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, негира одговорност, велејќи дека министерството незаконски ги презело ингеренциите и дека проблемот со струјата треба да го реши самото министерство.

„Сега слушам од вас. Немам ништо официјално дека има проблем со струјата и автомобилот, немам официјална најава дека е именуван нов директор. Точно е дека речиси 10 дена министерот ги добива ингеренциите да го именува директорот и останатите. За да не играм политика, министерот да го препознае проблемот со градинката, дека има недостиг од кадар, па да направи избор. Има прекршување на законот од страна на министерот, тој незаконски ги презел овластувањата и повторно направил прекршок со тоа што го поставил директорот со еден од воспитувачите. Сега треба да го прашате министерот како ќе управува со таа градинка“, вели Исен Шабани.

Во меѓувреме назначената директорка од Министерството вели дека не се знае дали утре ќе има струја или не.

„Утрово имаме објекти, еден во Врапчиште и Добри дол и утрото ме известија дека во Добри дол нема струја и децата ги испративме дома бидејќи беше -5 степени. Овде во Врапчиште пред малку ни ја исклучија струјата, сега имаме, но ни рекоа пак ќе ја исклучат. Ќе преземеме мерки децата да имаат право на образование, а тоа ќе го реши Министерството за труд и социјална политика“, вели Турќан Салији.

Сè додека општината и Министерството за социјална политика не изнајдат решение, ситуацијата останува нејасна.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Определен притвор за градоначалникот на Тирана, за неговата сопруга која е надвор од земјата куќен притвор

Следно

Димитровски: Предвидлив пат до членство во ЕУ, без идентитетски и историски услови

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop