На 27 март ќе биде промовирана новата Американско Балканска Стопанска Комора

March 25, 2025
1 min read

На 27 март на настан во Њујорк официјално ќе биде одбележан почетокот со работа на Американско Балканската Стопанска комора (ABCC), која ќе биде посветена на јакнење на економските врски и бизнис можностите помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион.

Комората ќе биде клучен мост кој ќе ги поврзува американските компании со Балканот и истовремено ги поддржува балканските компании кои сакаат да го освојат американскиот пазар.

– Основањето на Американската Балканска Стопанска Комора претставува важен чекор во
трансатлантската трговија, изјави г-ѓа Елиза Пренџов, претседател на ABCC.

Како што вели таа, балканскиот регион нуди огромни можности за американските компании, додека пазарот на САД претставува значителен потенцијал за балканските компании.

-Нашата мисија е да помогнеме во оваа соработка и да создадеме долгорочни партнерства, додала Пренџов.

Како што се наведува во соопштението на организацијата, клучните иницијативи на ABCC ќе вклучуваат промоција и олеснување на инвестиции, трговски мисии и бизнис делегации, консултантски услуги за влез на пазарот, мрежни настани и бизнис поврзувања, поддршка за политики и регулаторни насоки, образовни програми за бизнис и промоција на туризам.

Комората започнува со работа со видни и успешни членови од американски и балкански компании, од различни индустрии кои го одразуваат силниот интерес за зајакнување на економските врски помеѓу овие региони.

Инаугуративниот настан ќе се одржи во Њујорк на 27 март 2025 година, на кој ќе има и панел дискусии фокусирани на стратегиите за влез на пазарот и меѓукултурни бизнис практики.

Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC) е непрофитна организација која има
за цел да ја промовира трговијата и инвестициите помеѓу Соединетите Американски Држави и
сите земји во Балканскиот регион. Комората ќе работи како поддршка на бизнисите од
стартапи до мултинационални корпорации, обезбедувајќи ресурси и поврзувања за успех
во двата пазара, се посочува во соопштението од организацијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ ја тужи Агенцијата за спречување на корупцијата

Следно

Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop