На 100 дена до стартот на СП: ФИФА го претстави официјалниот постер на Мундијалот!(ФОТО)

March 3, 2026
1 min read
gianni_infantino x

На точно 100 дена пред почетокот на Мундијалот, ФИФА го претстави официјалниот постер за претстојното Светско првенство.

Ова е последното парче од колекцијата постери за глобалното фудбалско натпреварување. Денес се навршуваат 100 дена до почетокот на Светското првенство во 2026 година, кога Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави го пречекуваат светот на најголемата претстава на земјата. Постерот го слави автентичниот дух, ентузијазмот и единството на овој иконски глобален настан“, соопшти ФИФА.

Постерот содржи композиција во стилот на колаж, со играч во центарот, што ја одразува единствената способност на фудбалот да го обедини светот. Ова е последниот постер од колекцијата постери за Светското првенство во 2026 година, со што се комплетираат 16-те официјални постери на градовите домаќини објавени минатата година. За првпат во историјата на Светското првенство, три уметници соработуваа за да го создадат официјалниот постер за турнирот. Канаѓанецот Карсон Тинг, мексиканката Минерва Г.М. и Американецот Хенк Вилис Томас ги комбинираа своите таленти и стилови за да создадат дело што ја истакнува поврзаноста и единството во рамките на турнирот.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тоневски: Продолжуваме со инфраструктурен развој во Пробиштип

Следно

Дел од Тетово и Брвеница утре ќе бидат без струја

Latest from Blog

Фото на денот на СП: Еве што правеа Јапонците по мечот во Далас!

ФОТО:facebook.com/www.SportsJOE.co.uk Ништо ново, само повторување зошто Јапонците како народ и Јапонија како држава и нација се нешто посебно. По последниот свиреж во Далас,на мечот со Холандија, јапонските навивачи не брзаа кон излезите.

ВЛЕН: Го избравме обединувањето наместо поделбите

Од коалицијата ВЛЕН порачаа дека нивното формирање не било резултат на потребата за уште еден политички субјект на албанската политичка сцена, туку од стремежот за обединување на политичката енергија и волјата на
Go toTop