МЗШВ: Денеска се реализираше исплата на три мерки за директни плаќања

March 6, 2025
1 min read

Продолжуваме со исплатата во сточарството. Денеска се реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години, директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци и директни плаќања за женски приплодни грла-маторици, велат од МЗШВ.

Висината на директни плаќања за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директните плаќања по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2021, 2022 и 2023 година и тоа:

– за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,

– за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,

– за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари,

– за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

За оваа намена се исплатени 44.630.000,00 денари кон 2.316 корисници.

Исплатени се 15.768.000,00 денари кон 631 корисници, исплатата се однесува на мерката за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци се земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози кои се постари на денот на аплицирање од 12 месеци и истите се чувани најмалку до 30 ноември 2024 година.

Висината на основните директни плаќања изнесува 2.000 денари по грло.

Корисници на мерката за директни плаќања за женски приплодни грла-маторици се земјоделски стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум 5 грла маторици и истите ги чувале најмалку до 30 ноември 2024 година.

Висината на директни плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

Исплатени се 7.954.000,00 денари кон 283 корисници.

Министерството се грижи за земјоделците, порачуваат од МЗШВ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасување на патници од жичарница: Показна вежба на специјалните единици (ВИДЕО)

Следно

Ѓуровски: Во време на геополитички промени, потребен е дијалог за македонската надворешна политика меѓу власта, опозицијата и академската заедница

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop