МЖСПП: Нема да увезуваме комунален, туку неопасен отпад од кој што ќе профитираме

March 3, 2025
1 min read

Доколку Македонија ги исполни еколошките стандарди, тогаш земјава ќе увезува отпад од Европската Унија, но не комунален туку неопасен отпад, кој што подоцна ќе се преработува и извезува, а со тоа државата и ќе профитира, објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање за ТВ 24.

Мазневска дополнува дека Македонија веќе има искуство со ваков неопасен отпад и ваквите метали се преработуваат во индустриските капацитети, кои што поседуваат соодветни еколошки дозволи. 

До октомври следната година ќе се знае дали Македонија ќе биде една од земјите која ги исполнува условите за преработка на отпадот без да се загрози животната средина, информираат од министерството. 

Инаку, станува збор за увоз на 18 видови неопасен отпад, кој што деновиве предизвика бурни реакции од страна на еколошките здруженија и од опозициската СДСМ, која што пак вчера побара селекција на домашниот отпад, наместо да се увезува туѓ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турска одбранбена компанија со можности за извоз на своите производи во САД

Следно

Како до мир во Украина?

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop