МВР: Спроведена уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога

September 28, 2023
1 min read

реклама



Министерството за внатрешни работи ја демантира дезинформацијата која, како што велат, ја шират неколку интернет портали за некаква поврзаност на вработен во МВР со дрогата која беше пронајдена вчера при претрес во подрумски простории во зграда во скопската населба Автокоманда.

– Станува збор за класична лага. Дрогата е пронајдена во координарана акција на повеќе организациски единици на МВР и тоа во узурпирани подрумски простории, при што  е приведен сопственикот на дрогата, односно сторителот на кривичното дело, се вели во соопштението. 

реклама

Од МВР посочуваат дека за акцијата е објавено и соопштение со фотографии од запленетата дрога.

– Спроведена е уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога, но очигледно е дека некому му пречат ваквите успешни акции и се обидува со вакви лаги да го наруши угледот на полициските службеници. Апелираме да не се шират дезинформации, стои во соопштението од МВР.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Забраната за извоз на гориво останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар

Следно

Реконструкција на спортската сала во СУГС Георги Димитров 26.9.2023

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop