МВР со детали за настаните во врска со црквата во Галате

September 10, 2024
1 min read

Министерството за внатрешни работи известува дека денеска во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате.

Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака.

-Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат, информираат од Министерството.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан.

-Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР. Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан, се наведува во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: На 19 септември во Брисел ќе им го соопштам нашиот предлог, не влегуваме во процеси без јасен план и гаранција

Следно

ФОТО: Чурлинов се повреди на стартот од натпреварот против Ерменија

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop