МВР со апел за безбедни матурски прослави

May 19, 2025
1 min read

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави.

Како што информираат од МВР, сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

– Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е  првенствено кај младите, но и кај нивните родители. Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, апелира МВР. 

Видео МВР:

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган упати честитки по повод Денот на младите и спортот и Денот на сеќавање на Ататурк

Следно

Макрон ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции во Франција

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop