МВР: Се шират лажни вести за наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје

March 15, 2023
1 min read

МВР ги демантира лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми.

– Oвие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023).

МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои. Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив. Воедно, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, се наведува во реакцијата од МВР.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените на Роналдо не смеат да споделуваат информации за него 70 години по неговата смрт

Следно

Вучиќ и Курти в сабота во Охрид на разговори со Борел и Лајчак, премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата

Latest from Blog

Телеграф: Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

До зградата на Општина Тетово неделава почна да се гради уште еден објект за општинската администрација. Станува збор за објект за кој општината треба да плати речиси 1,4 милиони евра. За да
Go toTop