МВР поднесе кривична пријава против двајца пензионирани раководители за злоупотреба на службената положба

April 28, 2025
1 min read

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В. – пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и  В.Н. – пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци  во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен  суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи. Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата.  Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по истите.

Второпријавената во својство на овластено службено лице  кога предметните пресуди пристигнале  во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание  и  ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита  на лични податоци, без притоа  соодветно  да реагира  и да ги врати  пресудите до првопријавената , со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување. Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на  исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои  согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

Следно

Ливерпул го објави датумот на шампионската парада, се очекуваат над милион навивачи

Latest from Blog

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop