МВР: Лажна е пријавата за наводно исчезнато бебе на Клинички центар, жената е лишена од слобода

November 25, 2023
1 min read

Синоќа дел од медиумите јавија дека во полиција имало пријава за наводно исчезнато бебе на Клиничкиот центар. Имено, според она што го пренесоа медиумите, а повикувајќи се на пријава од родителите, бебето исчезнало кога од Клиниката за гинекологија било префрлено на Детската клиника. Клиниките веднаш излегоа со информација дека немале регистрирано таков пациент

Министерството за внатрешни работи, во координација со ОЈО-Скопје, го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А, информираат од полицијата.

„Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО-Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко-акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А.“,

велат од МВР.

Оттаму додаваат дека биле направени проверки и во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа било констатирано дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот било утврдено дека Л.А. не е трудна.

„Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување“,

додаваат од МВР.

Синоќа дел од медиумите јавија дека во полиција имало пријава за наводно исчезнато бебе на Клиничкиот центар. Имено, според она што го пренесоа медиумите, а повикувајќи се на пријава од родителите, бебето исчезнало кога од Клиниката за гинекологија било префрлено на Детската клиника. Клиниките веднаш излегоа со информација дека немале регистрирано таков пациент. Веста за наводно исчезнато бебе предизвика вознемиреност во јавноста.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Битола гради култура на европски центар, отворен за светските имиња

Следно

Во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинаа 66 палестински новинари

Latest from Blog

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop