МВР и ФФМ потпишаа Меморандум: Фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави

May 21, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации, унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.

Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ смета дека како Фудбалска федерација имат одговорност не само кон играта, туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството.

-Со потпишувањето на овој Меморандум со МВР, отвораме ново поглавје во безбедноста и организацијата на натпреварите. Заеднички ќе работиме на создавање средина каде што фер-плејот и почитта ќе бидат норма, а насилството и недоличното однесување – исклучок кој ќе биде санкциониран. Оваа соработка претставува важен чекор кон европски стандарди во организирање на фудаблски настани и јасно укажува на нашата заложба да изградиме фудбалска култура која инспирира, а не дели. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме многу во интерес на фудбалот и општата безбедност, вели Омерагиќ.

Министерството за внатрешни работи, смета директорот на БЈБ, Александар Јанев, континуирано работи на унапредување на безбедносните стандарди и заштита на јавниот ред и мир, особено кога станува збор за настани со масовно присуство како што се фудбалските натпревари.

-Потпишувањето на Меморандумот со ФФМ претставува основа за продлабочена и координирана соработка. Заедничките активности, обуки, планови и комуникациски механизми ќе овозможат навремено препознавање и спречување на потенцијални ризици, со крајна цел – зголемена безбедност за сите учесници и посетители на спортските настани. Во оваа насока, една од клучните цели е заштитата на интегритетот, односно препознавањето и спречување на организираниот криминал и корупција, воопшто во спортот. Оваа иницијатива не е само административен чекор, туку конкретна акција насочена кон заедничка одговорност, превенција и градење на здрава и безбедна спортска култура во Македонија, истакнува Јанев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Папата Лав повторно апелира за крај на војната и внесување на хуманитарната помош во Газа

Следно

Стадо диви коњи слободно галопира по висорамнините на планината Јама во Турција

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop