МВР го сомничи обвинителот Коцевски дека ја компромитирал акцијата за приведување седуммина полицајци

April 16, 2025
1 min read

Вчера МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР, шефот на Јавното обвинителство на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостувањето на Телма, ја обелодени акцијата.

„Јавното обвинителство веќе има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

Од МВР овој негов потег го оценија како компромитирачки за нивната акција, бидејќи наводно по еден од нив, кој живее во Штип, се уште се трага.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања на мигранти во ЕУ

Следно

Супер добитен март со ВЛТ: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати 64.182.837 денари

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop