МУЗЕЈОТ ВО КАВАДАРЦИ ЧУВА ФОТОГРАФИИ, ПРЕДМЕТИ И НОТИ НА МУЗИЧАРИТЕ ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ И НИКОЛА БАДЕВ

August 25, 2024
1 min read

Родното Кавадарци го чува споменот на реномираните македонски музичари, Васил Хаџиманов и Никола Бадев. Во склоп на Музејот на град Кавадарци, тие имат свои Спомен- соби, каде има предмети нивна сопственост, кои семејствата ги отстапиле на чување. Хаџиманов е татко на пејачот и актер Зафир Хаџиманов, кој почина во 2021 и дедо на музичарот Васил Хаџиманов кој живее во Србија.

„Васил Хаџиманов е првиот етномузиколог од Македонија. Во неговата спомен соба има инструменти, иако самоук, тој се научил да ги свири. Има ударни, жичани, дувачки инструменти. На сите нив, Васил добро свирел. Има генијалност во делото на Хаџиманов, кој собрал околу осум илјади народни песни, од нив 600 се албански“, вели Томе Крстевски виш кусост етнолог при Музејот на град Кавадарци.

Васил дипломирал во 1936 на Фармација во Загреб, а магистрирал 1938 . Интересна е случката како тој се откажал да не биде повеќе фармацевт.

„Има анегдота за неговиот работен век како фармацевт, која се раскажува на факултетот во Скопје. Доаѓа пациент со рецепт да побара лек, Васил подоцна увидува дека дал трет лек и сам си порачал, јас не сум за ваа работа и се откажал од фармацијата, но го засакал фолклорот и формирал фолклорна група во Кавадарци“, вели Крстевски.

Собата на Васил Хаџиманов. (Фото: СДК.МК)

Хаџиманов започнал да ги претставува фолклорот, народните носии, ората, игрите, пеењето, свирењето. При неговите патувања и истражувања, добивал народни инструметни, од кои дел се сочувани и донирани од синот Зафир Хаџиманов. Сите собрани осум илјади песни на Васил се нотно запишани и текстуално и од кој град, регион се. Тие се чуваат во Архивот на Македонија.

Соба до соба се местата каде се сочувани спомените за Хаџиманов и за Бадев во Музејот во Кавадарци.

„Од фотографиите може да се заклучи дека Бадев настапувал секогаш во народна носија. Но, и дека сакал да се фотографира со значајни споменици од места каде настапувал или ги посетувал. А патувал многу низ светот, Австралија, Америка, Европа, настапувал пеејќи со неговиот карактеристичен кадифен глас. Од посетителите, но и блиски на Хаџиманов и Бадев, дознавме дека токму Васил му ги дал првите музички тактови на Никола“,  вели етнологот Крстевски.

Собата на Никола Бадев. (Фото: СДК.МК)

Во витрините од Спомен-собата се поместени фотографии, плочи, предмети на Бадев. Меѓу нив е и гитарата „брач“ која е со 12 жици по што е карактеристична, тамбурата со која настапил на меѓународен натпревар во Нанси, Франција во 1956  и победил.

„Тука се и неколку тетратки со 220 песни кој Бадев ги напишал. Изложени се и килибарот, бројаниците кој ги користел, како и рачниот часовник кој го носел цел живот кои се од големо значење за него и неговото семејство. Тие се донација од ќерките Роска и Сузана. Ги чуваме и изложивме сите признанија и медалји, кои за живот и постхумно Бадев ги има добиено“, кажа Крстевски.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат фудбалер од Премиер лигата останал брз својата сопруга, откако ја донел дома љубовницата

Следно

Манчестер Јунајтед го продаде Скот Мектоминеј

Latest from Blog

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да
Go toTop