Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции

September 6, 2024
1 min read

Поддршка на постојните и поттикнување на нови инвестиции биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Како што информираат од МНРТ, ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија.

-На средбата беше нагласена важноста на пријателството меѓу двете земји изградено врз основа на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжи да се развива и продлабочува во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции, стои во соопштението од МНР.

Оттаму дополнуваат дека министерот Муцунски на средбата се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како и големата помош при справување со пожарите. Притоа, тој го информирал својот унгарски колега за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.

Од страна на унгарскиот министер Сијарто била изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласил дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина.

Во рамки на посетата на Унгарија, Министерот Муцунски остварил одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на Националното собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа.

Во фокусот на средбата биле можностите за продлабочување на соработката во образованието, земјоделството и туризмот.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија во процесот на пристапување во Европската унија и партнерството во НАТО, истовремено нагласувајќи ја посветеноста на новата влада за спроведување европски реформи.

Заменик-претседателот Јакаб го поздравил долгогодишното пријателство меѓу двете држави и народи, изразувајќи уверување дека Унгарија ќе остане силен поддржувач за нашето полноправно членство во Европската Унија, особено во периодот на унгарското претседателство со Советот на Европа.

За време на посетата, државниот секретар во МНРНТ Елена Кузмановска остварила одвоена средба со државниот секретар за јавна администрација во МНРТ, Естер Ѓармати, чиј фокус на разговорите била реорганизацијата на МНРНТ, односно трансформацијата на Министерството за надворешни работи кое сега го вклучува и секторот на надворешна трговија во портфолиото на своите главни активности. (МИА)

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Суспендирани пет тенисери поради местење натпревари

Следно

Поранешен фудбалер на Сити го тужи клубот и бара милиони

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop