Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

November 5, 2025
5 mins read

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и безбедносно значење за Унијата. Убеден сум дека доколку државата ги имаше направено уставните измени и овој извештај ќе беше поразличен во начинот на којшто одредени фрази се поставени во неговата содржина, бидејќи техничкиот елемент којшто се оценува има и политички аспект. Но, ние како Влада отворено тоа што го зборуваме пред граѓаните и тоа што чувствуваме дека е став на нашиот народ го пренесуваме и во Брисел. Така се изградени и нашите позиции. Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред.

Ова го изјави во Тема на денот на Сител телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, говорејќи за последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава и евроинтеграциите на земјава.

– Веќе година и половина опозицијата и луѓе блиски до неа шират хистерија дека надворешната политика на државата нема концепт, дека не знае каде се движи, дека без идеја се дејствува следејќи го секое детално гласање во полето на мултилатералната дипломатија за да сега, преку овој извештај добијат демант – надворешната политика и регионалната соработка – тоа што го работи МНРиНТ, беше највисоко оценето во овој извештај, каде што добивме и пофалби за нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика и за други аспекти како што е историското партнерство во одбраната и безбедноста и низа други елементи, каде што се гледа дека очигледно нашата надворешна политика во еден сложен геополитички период кога трансатлантските односи не се такви какви што биле, кога имаме конфликти на повеќе места, успева да биде највисоко позиционирано низ призмата на тоа што го цени ЕУ, а сепак да го одржи нашето стратешко партнерство со САД, нагласи Муцунски.

Според него, има сегменти во извештајот каде има и високи оценки, покрај надворешната политика, документот дал позитивни оценки во образованието, истражувањето, дигитализацијата, работата на Царинската управа, додавајќи оти во ниту една област државата нема назадување, освен нотираните суштински проблеми во борбата против корупцијата и реформата на правосудството.

– Факт е дека имаме суштински проблеми во борбата против корупцијата и реформата на правосудството што не сме ги решиле, каде што се идентификувани одредени аспекти кои се поврзани со она што Владата треба да го преземе, а некои се поврзани со работата на судството и на ЈО. И тука се согласувам дека треба повеќе да направиме и затоа имаме преземено обврска до крајот на оваа календарска година да ги донесеме сите клучни реформи во делот на правосудството и борбата против корупцијата кои се дел од Реформската агенда. Доцнат постапките во борбата против високата корупција, најчесто доаѓа и до застарување на предметите, нема доволно ажурност – и тоа не е критика за Владата, тоа е критика за правосудството. Затоа што за жал, јас тврдам дека голем број од судиите и обвинителите во државата се чесни луѓе, професионалци кои добро си ја вршат работата, но има исклучоци високопизиционирани кои го имаат киднапирано нашето правосудство, го држат во заложништво и притоа штитат одредени политички елити, рече Муцунски.

Тој потенцира дека како Влада ќе направат се што можат да се елиминираат овие критики во делот на нивната надлежност но, вели, понатаму ќе очекуваат соодветно постапување и од страна на правосудните институции, и доколку нема такво постапување, ќе мора Владата да преземе и дополнителни мерки.

Во однос на критиките на лидерот на СДСМ Венко Филипче за Извештајот, Муцунски кажа дека опозицијата нема кредибилитет да зборува по ова прашање.

– Лидерот на СДСМ тврди дека решението од 2022 е добро решение. Тој тврди дека имаме анти-ЕУ надворешна политика и тоа често го има повторувано без концепт, кога ЕУ вели една од најсилните алки во системот на евроинтеграција е надворешната политика на државата. Мојата поента е – кој е легитимитетот и кој е кредибилитетот на луѓето кои ја доведоа нашата држава во оваа позиција во делот на европските интерации да ценат јас немам обврска да им давам политички совет, но тоа што мислам дека е добро е опозицијата да се обедини со Владата и со сите засегнати страни во државата да создадеме консензус по овие прашања, рече тој.

Според него, наместо голи критики што не се реални и не се објективни треба да се види што е она што заедички може да се направи за да се движиме напред.

– Притоа веројатно би било коректно и лидерот на опозицијата наместо да вели дека предлогот од 2022 е добар, да се извини на целата држава за грешките што се направени што не имаат доведено до оваа ситуација. Но тој истовремено излегува со т.н. црвени линии каде никаде не се гледа која е црвената линија и со тоа ги влошува позициите на државата кога настапува надвор од нејзините граници. Така да контрадикторноста на опозицијата и кога беше власт и сега се покажува постојано на дело и немаат кредибилитет да зборуваат по овие прашања, оцени Муцунски.

Во однос на тоа дали Извештајот е коректен, со оглед на тоа дека Украина која е во војна има добиено позитивни оценки, Муцунски вели дека не е коректно како министер да ги цени портфолијата на другите држави кои имаат статус кандидат, туку да се фокусираме на обврските што ги имаме, како и да го искористиме моментот што ни е на располагање од гледна точка на интересот на ЕУ да се проширува но и да ги искористиме сите дополнителни инструменти на ЕУ што се сега во тек – Планот за раст, зелените ленти, бесплатниот роаминг и сите политки поврзани со процесот на т.н постепено интегрирање на земјите-кандидати кон членство во ЕУ.

– Верувам дека нашата порака е прифатена во Брисел, верувам дека наскоро ќе има и одредени позитивни иницијативи во следниот период да се најдат начини со кои ќе се обезбеди предвидливост. Ние од таквите позиции од сето она што го имаме поставено како наши очекувања од ЕУ, немаме намера да отстапиме. А во меѓувреме се согласувам – покрај решавањето на тој комплексен проблем создаден од актуелната опозиција тогаш власт, мораме да се посветиме на домашните реформи, рече тој.

Сум слушал, додаде Муцунски, дека нашиот случај како бил наречен жален, трагичен и некоректен случај. -Нашиот случај во суштина е каде што Европската Унија сама си ги нарушува фундаменталните вредности кои се вградени во нејзините основачки документи. Јас често велам Ве штитиме за да не го нарушите системот кој што вие сте го изградиле. И затоа ги бараме овие гаранции, затоа ја бараме оваа предвидливост бидејќи праксата со нас гледаме како сега создава фрустрација кога други земји членки ја блокираат Украина и Молдавија, додаде тој.

Во однос на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за засилени активности по Нова година во евроинтеграциите и дали имаат сигнали од Софија во однос на нашите барања, тој рече дека за да процесот биде успешен треба да ја штитиме неговата доверливост.

– Доколку сакаме некој процес да биде успешен треба да ја штитиме неговата доверливост. Ние ќе продолжиме да бидеме принципиелни, имаме јасни позиции, но верувам дека таму каде што постои желба, постои и начин. И тоа го говорам насочено и кон ЕУ која ако сака да испорача ќе најде начин. Ние постојано одиме и дискутираме за тој процес. Дел од средбата со претсдателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Брисел беше поврзана и со ова прашање, така што не е сега дека почнуваме нешто – процесот трае и ќе продолжи да трае се додека не се најде кредибилно и одржливо решение и граѓаните треба да бидат увредеи дека тоа нема да биде решение како нашите претходници – по секоја цена и решение кое ќе не стави во ситуација по променето уставно име на држава, по променето знаме, по редица промени на нашиот Устав повторно да бидеме на истото место каде што бевме пред повеќе од 20 години, потенцира Муцунски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

Следно

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.
Go toTop