Муцунски: Наша обврска е кон народот што не’ избрал да го направиме нивниот живот подобар, да создадеме економска благосостојба и функционална држава

March 15, 2025
1 min read

Ние сме земја членка на НАТО и мораме да имаме проактивна надворешна политика со соодветна процена на регионот во кој живееме. Во суштина, цела Европа го поздрави последниот преддлог за примирје во Украина со посредство на САД – решение кое соодејствува со содржината на Резолуцијата зад која застанавме и ние. Како Влада, ќе продолжиме да бидеме активен чинител, ќе продолжиме јасно да ги афирмираме нашите позиции и ќе работиме со Европската Унија и САД, но пред да носиме каква било одлука, мораме да ги согледаме сите импликации врз нашите интереси. Ова го истакна министерот Тимчо Муцунски во денешното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Тој додаде дека ние не водиме натпревар со соседите, туку битка за афирмирање на нашите позиции, и потенцираше дека доколку претходните влади во изминатите седум години воделе ваква политика, немаше да бидеме во позицијата во која сме сега.

„Наша обврска е кон народот што не’ избрал и ни дал легитимитет – да го направиме неговиот живот подобар, да создадеме економска благосостојба и функционална држава“, беше дециден Муцунски.

Во однос на прашањето со соседна Бугарија, тој го повтори очекувањето за дијалог помеѓу двете страни, притоа децидно нагласувајќи дека дијалогот со сите чинители ќе се води во насока на заштита на националните интереси на државата.

Факт е дека устсвните измени не се единствената билатерална пречка која го попречува нашето зачленување во Унијата, и тоа е нешто што за нас како држава не е прифатливо. Доста е со национални и идентитетски отстапки за полноправно членство во Унијата. Ние активно ќе продолжиме да ја убедуваме Бугарија дека нејзин интерес е да одиме напред кон Унијата, но и со нашите партнери ќе работиме на изнаоѓање компромисно решение кое на нас како држава ќе ни даде предвидлив пат и извесност за нашата стратешка цел – членство во ЕУ“, истакна министерот Муцунски во гостувањето.

Тој говореше и за протестите во соседна Србија, притоа нагласувајќи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија редовно ги следи случувањата во регионот и потенцијалните импликации за нашата држава. Изрази надеж дека протестите ќе завршат на мирен начин и дека не треба да бидат причина за загриженост кај македонските граѓани.

Во интервјуто тој ги коментираше и изјавите на одредени политичари од опозицијата кои шират лаги и дезинформации со единствена цел – да ги нарушат односите што државата ги има со своите стратешки партнери.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Самохрана мајка моли за помош: Само заради децата, да имаме кров над глава

Следно

Томас Тухел објасни зошто нема да ја пее англиската химна

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop