Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

August 26, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска, во рамки на дводневната работна посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Кос ја нагласија силната поддршка за проширувањето на Унијата, и од страна на земјите членки и од страна на граѓаните на Македонија, за што се потврда и наодите од последниот „Евробарометар“.

На средбата беше поздравен реформскиот пристап на Владата, особено исполнувањето на обврските од реформскиот процес и имплементацијата на Планот за раст. Министерот Муцунски нагласи дека реформите поврзани со евроинтеграциите остануваат високо на домашната политичка агенда, со силен фокус на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Министерот изрази благодарност за личниот ангажман на еврокомесарката Кос во пристапниот процес, особено во контекст на нејзиното учество и поддршка на Самитот за Планот за раст, што неодамна се одржа во Скопје.

Соговорниците разменија мислења и за неодамнешното приклучување на државата кон СЕПА, како и за иницијативата за постепено укинување на роаминг трошоците помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа иницијатива се очекува на почетокот на 2026 година, како дел од бенефитите на постепената интеграција во Унијата.

На средбата се дискутираше и за актуелните регионални и глобални случувања, при што беше потврдена заедничката поддршка за Украина и заложбата за што побрзо постигнување на праведен и одржлив мир.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална и ТТК најликвидни, индексот МБИ10 со благ пад

Следно

Изгасен пожарот во пристаништето во Хамбург каде беа повредени 10 лица, објавена е можната причина

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop