Муслиманите од целиот свет во Мека: Посета и молитва крај Каба

June 19, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Милиони муслимани од целиот свет престојуваат во Мека, Саудиска Арабија, каде што во наредните денови ќе извршат аџилак.

Деновите пред аџилакот верниците ги користат за посета и молитва покрај Каба, светото место и џамијата што ја изгради божјиот пратеник Ибрахим (Аврам) со помош на неговиот син Исмаил, а чија позначајна обнова се случи во време на младоста на последниот божји пратеник Мухамед.

Саудиска Арабија во саботата соопшти дека досега примила над милион аџии за овогодинешниот аџилак, пренесува Анадолу.

„Околу 1.150.000 аџии веќе пристигнаа во Саудиска Арабија за аџилак“, изјави за државната телевизија „Ал-Ехбарија“, Мухамед ал-Биџави, потсекретар на Министерството за аџилак и умра, и додаде:

„Приливот на аџии продолжува да расте во услови на континуирани подготовки.“

Саудиска Арабија очекува оваа година да прими повеќе од два милиони муслимански аџии на аџилак.

Според исламските прописи, извршувањето на аџилакот е една од петте свети должности на муслиманите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ги осуди новите израелски планови за изградба на нелегални населби

Следно

(ВИДЕО) Русите им испратија тенк полн со експлозив на Украинците

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop