Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

September 8, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што денес и утре се одржува во Тирана, Албанија. Министерот Муртезани беше говорник на панелот на тема „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“, во рамки на првиот ден од Конференцијата.

Во своето обраќање, министерот Муртезани нагласи дека патот кон Европската Унија за земјите од Западен Балкан претставува избор на вредности и заедничка иднина, а не само технички процес. Тој истакна дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европската агенда преку спроведување суштински реформи поддржани со Инструментот за претпристапна помош и Инструментот за реформи и раст во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.

Министерот потсети на значењето на Охридскиот договор од 2001 година, кој ја претвори Северна Македонија во функционална мултиетничка демократија и овозможи активна политичка и институционална улога на Албанците во државата. Овој модел, како што подвлече, е доказ дека различноста претставува сила која ја зајакнува стабилноста и е вредност што се поклопува со европските стандарди. Муртезани се осврна и на потребата од натамошна регионална поврзаност преку заеднички инфраструктурни и културни проекти. Тој го посочи Коридорот 8 како симбол на интеграција и европска поврзаност, кој истовремено ја олеснува трговијата и ја зајакнува соработката меѓу државите од регионот. Во тој контекст, тој ја истакна важноста и на културните и образовните размени кои придонесуваат за создавање на заеднички европски идентитет.

Во своите пораки, МЕП Муртезани нагласи дека албанските заедници низ регионот имаат улога на природни мостови за дијалог и разбирање, кои придонесуваат за добрососедски односи; еден од клучните критериуми за членство во Унијата. Тој истакна дека Албанците во регионот отсекогаш биле активни во градењето институции, јакнењето на социјалната кохезија и унапредувањето на владеењето на правото, како и во борбата против корупцијата, што претставува клучна вредност и европска и општествена.

Завршувајќи го своето обраќање, министерот Муртезани се повика на зборовите на писателот Исмаил Кадаре „Европа е нашата куќа и ние немаме друга“, подвлекувајќи дека оваа порака е потврда на заедничката определба за европска иднина на целиот регион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Строги правила и мониторинг за малите хидроцентрали – решение за стабилна енергија

Следно

Амбасадата на САД упати честитка по повод 8 Септември

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop