Мурињо: Не успеав да ги решам проблемите во Манчестер Јунајтед

February 15, 2024
1 min read

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо призна дека не успеал во обидите да ги реши „длабоките проблеми“ во Манчестер Јунајтед.

Специјалниот ги водеше „црвените ѓаволи“ во периодот од 2016 до 2018 година.

-Дали купувате нов мебел пред да ја исчистите куќата? Морав повеќе да чистам отколку да купувам нови работи. Не ја исчистивме како што сакавме. Сакав да го направам тоа од втората сезона, но не успеавме од различни причини, изјави Мурињо во интервју за поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.

Португалецот не именуваше никого, но во овој период еден од неговите проблеми беше со Пол Погба.

– Не можам да кажам дека сакав одредени работи во третата сезона, бидејќи не беше така, но јасно знаев што не сакам таму. Во однос на личностите, знаев што не сакам. Понекогаш во фудбалот треба да го прифатите тоа. Дадов се од себе, но точно знаев какви длабоки проблеми имаме. Во мојата трета сезона тие проблеми стануваа се поочигледни, додаде тој.

Стручњакот, кој беше отпуштен од Рома во јануари, се пошегува дека сепак може да биде крунисан за шампион во 2018 година, кога неговиот тим заврши на второто место, 19 поени зад Манчестер Сити. Против „граѓаните“ се водат истраги за финансиски прекршоци во овој период, а против нив има 115 пријави.

– Доколку Манчестер Сити биде прогласен за виновен за кршење на финансискиот фер-плеј, тие може да изгубат неколку поени. Настрана сите шеги, направивме се што можевме, рече тој.

Во интервјуто Мурињо откри и дека имал понуда да ја преземе репрезентацијата на Англија но ја одбил понудата. Ова се случи во 2007 година пред Фабио Капело да биде назначен на функцијата.

– Понудата беше на маса. Не ја прифатив бидејќи не мислев, а и се уште не мислам дека работата во репрезентација ќе биде нешто во кое ќе уживам, објасни Португалецот

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Али Ахмети ќе биде кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Следно

Сопругот и почина за време на секс со друга, а таа ја продаваше неговата вила: На Николина Пишек никој не и даде волку пари, па реши да се пресели во овој луксуз (ФОТО)

Latest from Blog

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник
Go toTop