Му подари дрес и срдечно се прегрнаа: Дали Модриќ го „одреди“ својот наследник во Реал?

July 11, 2025
1 min read

Лука Модриќ го одигра последниот меч во дресот на Реал Мадрид, со што стави крај на блескавото 13-годишно поглавје во „кралскиот клуб“.

Поразот од ПСЖ со 4-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство беше негов 597-ми и последен настап за Реал. Со 28 трофеи, Хрватот стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот и вистинска легенда на „Сантијаго Бернабеу“. По истекот на договорот, кариерата ќе ја продолжи во Милан.

По враќањето од САД, камерите на „Ел Чирингито“ го уловија Модриќ како симболично му го подарува дресот на соиграч со кој се прегрна на излегување од автобусот. Иако лицето не се гледа, шпанските медиуми тврдат дека станува збор за Арда Ѓулер момент кој многумина го нарекоа „предавање на штафетата“.

Турчинот има 20 години, дојде во Реал од Фенербахче за 24 милиони евра, и досега има 61 настап, 12 гола и 11 асистенции. Моменталната вредност на трансфер-пазарот му е проценета на 45 милиони евра. Овој потег на Модриќ во Шпанија го сметаат како бирање на својот наследник.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска ќе ги задржи граничните контроли со Германија поради загриженост за миграцијата

Следно

Ердоган: Турција ги отфрла сите изјави со кои се негира геноцидот во Сребреница, и покрај пресудите на Меѓународниот суд

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop