МСПДМ: Одржана конститутивна седница на Советот за социјална сигурност

December 26, 2024
1 min read

Денеска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски се обрати на конститутивната седница на Советот за социјална сигурност кој е основан со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Пред присутни членови на Советот, Велковски рече:

„Заложбите на Владата за подобрување на животниот стандард на пензионерите се јасни, со оглед дека Владата го започна својот мандат со зголемувањето на сите пензии за 2.500 денари во септември 2024 година и се очекува наредно зголемување во ист износ од 2.500 денари во март 2025 година. Со зголемувањето во септември 2024 година, најниската загарантирана пензија достигна 15.692 денари и се очекува во март наредната година да стане 18.192 денари, додека просечната пензија во септември стана 23.758 денари и во март 2025 година се очекува да стане околу 26,258 денари. Со ова зголемување посебно придонесовме за подобрување на стандардот на пензионерите со најниски пензии, кои материјално се најзагрозени категории на граѓани“.

Тој посочи дека напорите на Владата за подобрување и унапредување на правата и интересите на пензионерите не завршуваат со ова зголемување на пензиите која се направи, туку се продолжува и понатаму со воведување на мерки и корекции на системот за подобрување на положбата на пензионерите во државата.

По поздравното обраќање на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Советот за социјална сигурност продолжи со работа и за претседател на Советот беше избран Фиданчо Стоев од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Следно

Градоначалникот на Бутел, Костовски: ДУИ не го поддржа проектот за водоснабдување во Луботен

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop