МПЦ-ОА се моли за Украинската црква, огранок на Москва, а очекува томос од Цариград

September 15, 2024
1 min read

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), од седницата во петокот соопшти дека ѝ дава молитвена поддршка на Украинската православна црква, која е блиска до Москва и којашто беше забранета од украинскиот парламент во август 2024 година.

За познавачите на определбите на МПЦ-ОА оваа поддршка е очекувана. Тоа укажува како МПЦ-ОА понатаму ќе се позиционира во однос на украинското црковно прашање, односно дека во овој случај е наклонета кон православната црква којашто е под покровителство на Московската патријаршија.

Украинската православна црква (УПЦ) е една од двете најголеми православни религиозни организации во Украина, заедно со Православната Црква на Украина (ПЦУ). УПЦ важи за блиска до Москва и Руската православна црква (РПЦ). Пред почетокот на војната беше наречена Украинска православна црква на Московската патријаршија, но по руската инвазија започната во февруари 2022 прогласи „независност“ од Москва.

На 24 август украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за забрана на православните цркви поврзани со Русија во Украина, кој претходно го усвои Врховната рада (Парламентот на Украина), а кој ја опфаќа и УПЦ.

„Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска Православна Црква, која беше административно укината од украинскиот парламент, со Предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби“, пишуваше во соопштението од МПЦ-ОА.

Од ова произлегува дека македонската црква јасно застана зад проруската УПЦ, додека за Православната црква на Украина сè уште гради став и покрај тоа што од 2019 има томос за автокефалност од Вселенската патријаршија.

За да донесе одлука дали ќе ја признае или не Православната црква на Украина МПЦ-ОА формираше комисија уште на 29 февруари и по повеќе од шест месеци одлука нема.

„Комисијата сè уште проучува документи, и цариградски и руски“, изјави за РСЕ владиката Тимотеј.

И додека во МПЦ сè уште проучуваат документи, од Вселенската патријаршија од Цариград, Вартоломеј на средбата со претставници Интерпарламентарното Собрание на Православието (ИПС на Православието), каде што има претставник и од Северна Македонија порача:  

„Агресијата на Русија врз Украина, конфликт кој покрај тоа што има силно геополитичко влијание, претставува и конфликт меѓу два народа со православна вероисповед. Треба да се промовира заедништвото, толеранцијата и соживот, бидејќи поделбите не прават послаби и го уназадуваат човештвото“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поставен камен-темелник на македонска црква во Берлин

Следно

МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop