Можната војна меѓу Иран и Израел го носи Блискиот Исток до „најопасниот момент“

August 8, 2024
2 mins read

Блискиот исток се соочува со најголемата криза во последните неколку години додека се подготвува за потенцијална војна меѓу Иран и Израел, која би можела да го вклучи целиот регион, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.

Убиството на Исмаил Ханије, политичкиот водач на палестинската милитантна група Хамас, која Европската Унија и Соединетите Држави ја прогласија за терористичка организација, во израелски напад, на 31 јули во Техеран го турна регионот на раб на можна војна.

Големиот ирански воен одговор против Израел, кој Техеран го вети, може да предизвика сеопфатна војна против Иран и неговите регионални претставници против Израел и САД, велат експертите.

„Мислам дека ова е првпат навистина да се упатиме кон потенцијална регионална конфронтација од целосен обем“, рече Раз Зимт, истражувач во израелскиот Институт за национални безбедносни студии.

„Тоа е само прашање на време“

Регионот се подготвува за одговор на Иран по смртта на Ханије, кој беше застрелан во богат кварт во Техеран неколку часа откако присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Иран директно го обвини Израел, кој не презеде одговорност за убиството. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вети и, наводно, одобрил воен одговор.

Во април, Иран и Израел се чинеше дека се на работ на војна, откако Техеран изврши невиден директен воздушен напад против својот непријател.

Неколку дена подоцна, наводните израелски напади погодија воена база надвор од Исфахан, град во централен Иран.

Иранскиот напад беше одмазда за наводниот израелски воздушен напад врз иранската амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа седум ирански команданти.

Нападот на Техеран врз Израел беше порака и имаше за цел да ги одврати идните израелски напади, велат експертите.

Но, одговорот на атентатот на Ханије на иранска територија може да предизвика поостар одговор.

„Многу е поверојатно да видиме комбиниран, оркестриран напад врз Израел“ од Иран и таканаречената „Оска на отпорот“, лабавата мрежа на милитантни и прокси групи на Техеран кои му помагаат да се спротивстави на Израел и САД.

„Мислам дека тоа ја прави ситуацијата многу покомплицирана бидејќи последиците од нападот на Иран и Хезболах веројатно ќе бидат полоши од она што се случи во април“, рече Зимт и додаде:

„Тоа секако не приближува до можноста за регионална војна“.

Хезболах и милитантните групи поддржани од Иран во Ирак, Сирија и Јемен вршат напади против Израел откако започна разорна војна во Газа, која почна веднаш откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1200 луѓе. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.

И покрај тоа што непријателствата на Иран со Израел се намалија по април, „само прашање на време беше кога ќе се случи следната фаза на директен конфликт меѓу главните непријатели“, рече Хамидреза Азизи, соработник во Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања.

„Ова може да биде најопасниот момент во регионот во последните неколку години“, додаде тој.

„Тешко да се смири ескалацијата на тензиите“

Дипломатските активности се интензивирани во регионот со цел да се смири ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел.

Јорданскиот министер за надворешни работи беше во ретка посета на Техеран на 4 август, при што апелираше за мир.

Во меѓувреме, Египет му вети на Техеран дека веднаш ќе ги нормализира билатералните односи доколку Иран се воздржи од одмазда против Израел.

Иран пак, инсистираше на тоа дека не сака да ескалираат тензиите, но дека има „легитимно право“ да го нападне Израел.

„Сè додека е во прашање нарушувањето на нашиот територијален интегритет, нема да правиме никакви компромиси“, изјави на 5 август портпаролот на министерот за надворешни работи, Насер Канани.

Директна иранско-израелска војна веројатно би го зафатила целиот регион, вклучувајќи ги прокси силите и сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан, бунтовниците Хути во Јемен и проиранските милиции во Ирак.

Во секој конфликт веројатно би биле вклучени Соединетите Држави, клучниот сојузник на Израел, кој испрати дополнителни воени бродови и борбени авиони во регионот.

Портпаролот на Соединетите Држави потврди на 5 август дека „неколку“ американски војници биле повредени во ракетен напад врз воена база во Ирак. Одговорноста за нападот ја презедоа проиранските борци.

Али Ваез, директор на Иранскиот проект во Меѓународната кризна група, рече дека сигналите од Техеран сугерираат дека тие „имаат намера за посилен одговор“ со подрастични последици.

„Доколку потенцијалниот напад од Иран предизвика значителна штета и жртви, спречувањето на циклусот на ескалација станува многу потешко“, предупреди Ваез.

„Ова е без сомнение најблиску што сме биле до директна конфронтација меѓу Иран, Израел и нивните сојузници“, убеден е Ваез.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стејт департментот е запознаен, но не го коментира инциденот на скопскиот аеродром

Следно

Израелската армија разнесе палестинска куќа на југот на Западниот Брег

Latest from Blog

Мицкоски: ЕУ останува наша цел – „Мораме да ја смениме стратегијата за да станеме привлечни за неа“

Eвропската унија беше и останува наша цел како и на генерациите што доаѓаат, но единствено Македонија е земја за која не важат критериумите за членство во Унијата како и за другите земји

Цената на кафето отиде во небо: Се очекува ново поскапување

Цената на суровото кафе на светските пазари доживеа драматичен раст во последните неколку месеци, дуплирајќи се за рекордно кратко време, а експертите предупредуваат на нови поскапувања. Овој ненадеен скок е резултат на

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Милитантната група Курдската работничка партија (ПКК), која повеќе од четири децении водеше крвава војна со турските власти, објави дека се распушта и дека ќе го предаде оружјето. „Ја остваривме својата историска мисија.

Кубилиус: Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус денеска изјави дека Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура. Тој, на Форумот во Брисел посветен на одбранбената индустрија, истакна дека Украина набрзо ќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување
Go toTop