Можна креативна дипломатија во Виена

May 25, 2025
1 min read

Деблокада на евроинтеграциите – државниот врв ќе бара креативни решенија, како увертира во најавената можна средба на самитот на НАТО. 

Шефицата на државата во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека се работи на тн креативна дипломатија – затоа што на владата, како што вели таа – и е јасно дека усвоена преговарчка рамка тешко се менува.

Објави нејзини предлози до ЕУ, во кои порача, дека Европарламентот може да донесе акт за состојбите меѓу Македонија и Бугарија, а Советот да даде одредени инструкции. Предложи и потпишување на уште еден протокол меѓу Скопје и Софија . 

Гордана Сиљановска Давкова  претседателка – Може, еве во некаков акциски план до историската бугарско – македонска комисија да се предочи тие може да бидат слободни но да внимаваат, иако вие велите дека е теорија. Не е теорија. Тоа се уставни акти на ЕУ, и тие треба да ги почитуваат не само во однос на членовите, туку и во однос на сите други. Значи да им се предочи. Два протоколи потпишавме, така? Еве може уште еден.

Сиљановска иако пред неколку дена објави дека Австрија е подготвена за медијација меѓу Скопје и Софија, денеска на директно прашање – дали претставници на Австрија ја контактирале Бугарија, немаше конкретен одоговор. Проача дека на иста линија со шефицата на австриската дипломатија бил и коментарот на претседателот на Европскиот Совет Кошта, кој предлогот за уставни измени со одложено дејство го оценил како добро решение но е отфрлен од Софија.. 

Гордана Сиљановска Давкова – Најчесто прашање до мене од надвор е дали ќе има уставни измени и мојот кус одговор е – не можам да гарантирам, бидејќи не сум апсолутен монарх. Значи по мене барањето од надвор уставни измени е спротивно на темелните вредности и принципи на Европската Унија вградени во договорот за ЕУ вградени во Лисабонскиот договор.

Пред два дена шефицата на европската дипломатија Каја Калас од Скопје порача дека има простор за решение за деблокада на евроинтеграциите, а Брисел се обидува да профункционира планот А. Заедно со премиерот не ги открија деталите за механизмите на кои работат, но најавија можна средба Сиљановска- Радев на маргините на НАТО Самитот во Хаг под будното око на челниците на ЕУ, Воената Алијанса и САД. И додека официјално Скопје чека одоговор, од Софија молк. Дали Хаг ќе стане место на нов почеток или уште една станица на меѓусоседски недоразбирања. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпретседателот на Турција Јилмаз разговараше со „Ал-Шара“: Турција и Сирија ја зајакнуваат економската соработка

Следно

Арсовска најавува фељтон за градски криминал: „Ќе објавам сè – со имиња, аргументи и докази!“

Latest from Blog

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот. Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на
Go toTop