Може да останат на улица: Мајката на Нејмар со церебрална парализа, моли за помош

February 15, 2025
1 min read

Во поранешниот полициски објект во Кичево Џеврије Селоска живее во неколку импровизирани соби со своите четири деца Џаферсон (16), Џефрина (13), Нејмар (9) и Џејлан (3).

Џеврије е разведена од сопругот, а потоа заминала да живее кај мајка си, па целиот товар за грижата за децата паднал на нејзините рамена. Таа добива социјална помош од 9.000 денари и чисти куќи за да обезбеди храна за своите деца. За случајот да биде уште потрагичен, 9-годишниот Нејмар боледува од церебрална парализа.

Нејмар поради својата состојба не може да седи во соба со многу луѓе и станува агресивен, па Џеврије со помош на хумани луѓе отворила уште една просторија за која нема документација за користење и ја адаптирала во соба за Нејмар да најде малку мир. Но, како што тврди таа, лицето кое поседува документација за користење на просторот каде што моментално престојува Џеврије бара да ја напуштат таа просторија и ги дал на суд.

Мајката на Џеврије, Балзeра, на која Владата ѝ дала една соба за користење, боледува од астма и е оперирана, па не може да ги чува децата на ќерка си додека Џеврије оди на работа.

Мајка и ќерка бараат од сите хумани луѓе и државата на Џеврије да и обезбеди покрив над глава и количка за Нејмар. Секоја помош за ова семејство е повеќе од добредојдена бидејќи им и е и повеќе од потребна.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Се снимил како вози брзо и прави сообраќајка кај Градска болница!

Следно

Николоски утре на аеродром: Првиот чартер лет на „Freebird Airlines” од Германија

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop