Мотив повеќе: Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат висока премија за елиминација на Арсенал

April 14, 2025
1 min read

Реал Мадрид го очекува пеколно тешка задача да го елиминира Арсенал во четвртфиналето во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што по првиот натпревар одигран во Лондон, Шпанците имаат негатива од три гола.

А, доколку самиот пласман во полуфиналето не е мотив сам по себе, сега фудбалерите на Реал Мадрид имаат и мотив повеќе со оглед на тоа што претседателот Флорентино Перез најавил голема премија за елиминација на Англичаните.

Перез е познат како претседател кој дарува. Минатата година бонусот само за Лигата на Шампионите изнесуваше над две милиони евра по фудбалер, а и оваа сезона веќе ги даруваше своите фудбалери за елиминацијата на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка“, вели Мицкоски од ОАЕ

Следно

Латушко во Аргумент плус: Бев принуден да ја напуштам мојата Белорусија поради ризикот да бидам убиен

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop