Монографија за 80 годинишниот растеж на Народниот театар во Битола

March 30, 2025
1 min read

Националната установа Народен театар-Битола, најстариот македонски театар во земјава, е побогат за уште една монографија посветена на историјатот на театарот во овој град.

Како што е познато, во 2004 година беше публикувана стручна монографија „60 години Народен театар Битола“ од Иван Ивановски, а од оваа година, за публиката достапна е и монографијата „80 години Народен театар Битола“ од Иван Додовски.

Новата монографија е богато илустрирано издание што ја бележи историјата на растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024 година. Книгата содржи прилози за претстави, гостувања, награди, ангажирани режисери, актери, сценографи, костимографи… значајно сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија.

Во битолскиот театар досега работеле 135 режисери од кои 77 се македонски режисери, а 58 режисери се од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Романија, САД и од други земји. Деценијата од 1985 до 1994 година може да се нарече златен период на Народниот театар во Битола и како што забележува авторот на монографијата Иван Додовски, во осумте децении постоење, во Битолскиот театар биле поставени вкупно 569 премиери, со вкупно 11.670 изведби, кои ги виделе околу 3,2 милиони гледачи.

Рецензенти на ова монографско издание се проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Мишел Павловски, кој заедно со проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска ја промовираа новата монографија „80 години Народен театар Битола“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жерновски: Македонија има тројца министри за надворешни работи и сите тројца ја туркаат во изолација

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: На Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, не им е грижа за работниците, туку за милионските суми кои ги земаат од граѓаните 

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop