МОН ќе направи анализа доколку е потребно настава во домашни услови да има за ученици повредени во пожарот во Кочани

August 6, 2025
1 min read

МОН ќе направи анализа дали е потребно и колку ученици би учеле во домашни услови од повредените во пожарот во Кочани од почетокот на учебната година. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска, најавувајќи воведување формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно лекување во болнички услови, рече дека од септември ќе се потрудат ваков вид настава да има и за ученици кои се рехабилитираат по повредите во пожарот во „Пулс“.

– Сега е лето, ќе направиме анализа, доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура, изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Клиниката за детски болести. 

На прашањето дали покрај во болнички услови, ваков вид образование ќе имаат и децата што се лекуваат дома, таа одговори дека проектот предвидува истиот принцип да се одвива и во домашни услови.

-Дефинитивно, овие деца со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот,  доколку има услови и дозволи здравствената состојба на детето, или преку онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Но, покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца, истакна Јаневска.

Нагласи дека придобивката од проектот е повеќекратна и дека децата ќе почувствуваат емпатија од училиштето, од нивните другарчиња и наставниците. 

-Придобивката е повеќекратна и навистина ми е жал што досега ова не било остварено, додаде министерката за образование и наука.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот

Следно

Казни до 5.000 евра и доживотен затвор: На сила нови сообраќајни закони во Грција и Бугарија

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop