МОН ќе интервенира во студентскиот дом „Пелагонија“

November 19, 2024
1 min read

Катастрофални се условите во студентските домови низ Македонија. Најлоша е состојбата во скопскиот студентскиот дом Пелагонија кој во минатото бил еден од подобрите, таму топла вода нема со месеци, храната лоша, дисфункционални лифтови, ниту пак институцијата има директор откако последниот си дал оставка а во меѓувреме не е назначен нов, па нема кој да ги средува наталожените работи, и среди маките на идните академски граѓани.

Денеска министерката за образование Јаневска со најава за експресно решение за два до три дена на условите кои се под секое човечко достоинство.   

Дека состојбата во Пелагонија е алармантна ја потврдуваат и студентите, вчера пред медиумите го искоментираа и овој проблем меѓу останатите, за топла вода се снаоѓаат со греење во тенџере. Наместо да бидат насочени кон една цел надоградба на своето знаење и борат за подобар просек, реалноста ги тера тие да имаат паралелна борба за добивање на достоинствен стандард. 

Во предизборие сите ветуваат дека ќе има нови студентски домови, реконструкција на постоечките по најсовремени стандарди. Според последните ветувања на актуелната влада над 18 милиони евра се планираат за реконструкција два студентски домови во Скопје – „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“. Се ветуваше и студентски град во Скопје, но речиси осум години нема ни трага од него.

Извештаите од ревизија констатираат дека студентските домови не ги задоволуваат условите на современото живеење, како и значително намалување на сместувачките капацитети во сите домови. Во периодот 2019-2022 година, односно од 5.812 легла на 4.490 во 2022 година. 

Од јануари пак ќе се знае дали мерката студентски оброк ќе биде зголемена на 160 денари, и се разгледува опцијата за проширување на оптегот имено и оние студенти кои работат на скратено работно време и сѐ уште не постигнале одредена сума да можат да ја користат оваа мерка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сан Марино пишува историја, но може да дојде и до – мундијалски бараж!

Следно

Ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Русија, опасност од нуклеарна војна

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,

Туфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема нормално обвинител кој е
Go toTop