Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР

May 3, 2023
1 min read

Имаше список. Скицата изгледа како да е од видеоигра или од хорор-филм, што укажува дека планирал детално по одделенија како да влезе во училиштето, во која училница и како и кое дете да ликвидира, изјави началникот на полицијата во Белград

Неми сме исправени пред огромната трагедија која предизвикува тага и болка, изјави денеска началникот на полицијата во Белград, Веселин Милиќ, кој на прес-конференција соопшти детали за денешното пукање од страна на 14-годишен ученик во школо во белградската општина Врачар, а во кое беа убиени најмалку осум ученици и чуварот.

Тој соопшти дека утрово околу 8:40 прва во полиција се јавила заменик-директорката Иванка Јовановиќ и рекла дека ученик влегол со огнено оружје и дека пука по случаен избор. Полициски патроли веднаш се упатиле на терен. Две минути подоцна, откако пукало, се јавило и момче кое се претставило како Коста Кецмановиќ, а тој подоцна беше идентификуван како напаѓачот од училиштето.

„Во 8:42 се јави Н.Н. лице и се претстави како Кецмановиќ Коста. Рече дека пукал во повеќе лица во Основното училиште ’Владислав Рибникар‘, на улицата ’Крал Милутин‘ број 10. Со доаѓањето на полицијата на самото место утврдено е дека дошло до употреба на огнено оружје од страна на наведеното момче кое се јави во нашата дежурна служба. Настрадале осум ученици, од кои седум девојчиња и едно момче“,

рече Милиќ.

Тој со иницијали ги наведе идентитетите на убиените деца од кои пет се родени 2009, едно 2010, а едно 2011 година. Началникот истакна и дека се повредени уште четири момчиња и две девојчиња, како и една наставничка.

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.

Милиќ нагласи дека нападот бил планиран.

„Ова е планирано еден месец претходно. К.К. тоа го планирал подолго време, мотивот не ни го соопшти. Огненото оружје го зел од станот на својот татко, а донел и четири молотови коктели“,

рече Милиќ.

Тој соопшти и дека извршителот имал и список и скица.

„Имаше список. Скицата изгледа како да е од видеоигра или од хорор-филм, што укажува дека планирал детално по одделенија како да влезе во училиштето, во која училница и како и кое дете да ликвидира“,

изјави началникот на полицијата.

Овој настан Милиќ го оцени како невиден во српската историја. Сум бил на илјада увиди, вели тој, но вакво нешто е незапаметено.

Поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен таткото на момчето кое пукаше во училиштето во Врачар

Следно

Експлозии во повеќе региони низ Украина, меѓу кои и Киев

Latest from Blog

Тоти се враќа во Рома: Во преговори сме!

фото: Gianmarco✍🏼 @GianmarcoDaria (X) Легендарниот поранешен капитен на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за евентуално враќање во клубот. Според Италијанецот, страните во моментов ги разгледуваат деталите за неговото потенцијално

Американски војници пристигнаа во Нигерија за да помогнат во обуката на нигериската војска

Пристигнувањето следува по барањето на нигериската влада упатено до американската влада за помош во обука, техничка поддршка и размена на разузнавачки податоци, се наведува во соопштението на војската. Доаѓањето на американските војници

Хоџа: Заедно со Светска банка ќе работиме на подобрување на животната средина и намалување на загадувањето

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за
Go toTop