Мојсовска во Аргумент плус: Политичката дискусија е на ниско ниво, ваквиот однос ги демотивира жените да се вклучат во политика

March 4, 2025
1 min read

Пратеничката од политичката партија „Левица“, Јована Мојсовска во Аргумент плус рече дека очекува Клубот на пратенички да реагира за изјавата на Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со цел да се даде пример дека се реагира кога некој е наведен.

Според неа, ниското ниво на политичка дискусија ги демотивира жените да се вклучат во политика.

„Денеска имаше седница за немилиот случај реагиравме и тоа го кажав денес кај нас политичката дискусија е на ниско ниво и тоа постојано го гледаме и ако има таков пристап ќе гледаме се помалку жени бидејќи ваквиот однос ги демотивира жените. Засега нема консензус. Се андевам дека Клубот на пратенички  ќе има рекација и треба да сме пример дека ќе се реагира кога некој ќе се чувствува навреден. Кога говориме за жени во политика особено оние жени од маргинилазираните групи за нив можам да кажам дека е мачно да се политички активни и тука треба да се насочи борбата каде ќе создадеме општесвто во кое жените природно ќе сакаат да се вклучат во политиката“, рече Мојсовска.

Таа зборуваше и за тоа дека Левица предложиле техничка измена во членот 130 од Кривичниот Законик.

„Би сакала да кажам дека ние артикулиравме едно законско решение кое ги таргетира жените, се работеше за техничка измена. За член 130 од Кривичниот Законик кој предвидува дека телесна поврда при семејно насилство се гони по предлог на жртвата, праксата покажува дека предлог на жртвата може да има фателен крај бидејќи голем дел од жените  се повлекуваат“, додаде Мојсовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Сојуз на борци на НОАВМ и граѓани продолжувачи

Следно

Обвинителството во Белград бара од полицијата да ги утврди сите факти за инцидентот во српското Собрание

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop