Мобилни тимови на Царинска управа спречија обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека

November 21, 2023
1 min read

реклама


Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари.

Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничен премин Богородица се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот.

реклама

Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги откри при контрола на автомобил на граничниот премин Блаце. Часовниците возачот на автомобилот ги скрил во црни ќеси кои ги ставил зад совозачкото седиште.

Друг мобилен тим пак на граничниот премин Табановце при извршена контрола на автобус откри и заплени 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар. Автобусот кој сообраќал на релација Белград – Скопје е селектиран за детален преглед при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека.

реклама

Во случајот на заплена на часовници и облека против лицата се поднесени прекршочни пријави, додека во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограми сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до јавно обвинителство за кривично дело криумчарење.  

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Виктор Орбан им предлага „унгарски национален конзервативен модел“ на земјите од ЕУ

Следно

Маричиќ: Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop