МО: Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо

February 4, 2025
1 min read

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (4 февруари) ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана за нашата земја Кристин Мелсом со која разговараше за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот даде полна поддршка за реализација на започнатите проекти и порача дека македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата, соопштија од македонското министерство за одбрана.

„Ви благодарам за вашата континуирана долгогодишна поддршка. Заеднички реализиравме многу проекти, но не застануваме тука – остануваме посветени во развојот на нови проекти вклучувајќи го и проектот за развој на цивилниот кадар чија реализација ќе започне во април годинава“, рече министерот на средбата.

Двете земји соработуваат и во рамките на Балканските медицински наменски сили каде Норвешка е земја партнер и го поддржува развојот на медицинските сили. Во тој контекст, министерот Мисајловски изрази подготвеност нашата земја во 2026 година да биде домаќин на Комитетот на команданти на воено-медицинските сили на земјите на НАТО. Воедно беше потврдена соработката и во други области, како заедничко учество на вежби, соработка во доменот на односи со јавност, поддршка на РЦОЈ и АП Криволак, соработка меѓу воените академии и др.

Македонско-норвешката соработка во одбраната датира од 2008 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов двете земји работат на усогласување на Планот за билатерална соработка во одбраната за 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче за замрзнувањето на програмите на УСАИД: САД треба да останат партнер на земјава

Следно

Германски генерал: Заканата од Русија е „екстремно сериозна“

Latest from Blog

Божиновска: Иднината на енергетиката е во паметните мрежи и складирањето на зелената енергија

Обновливите извори на енергија се иднината на енергетскиот сектор, но нивниот целосен потенцијал може да се искористи само со модерна инфраструктура, системи за складирање и паметно управување, порача министерката за енергетика, рударство

ДУИ: Инспекторатот за употреба на јазиците да си ја врши работата на или да следуваат оставки

Соопштение за јавност на ДУИ: Веќе втор ден по ред, Инспекторатот за употреба на јазиците продолжува да молчи, додека градоначалникот на Град Скопје отворено ги прекршува законските обврски за употреба на албанскиот

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

Дел од домашната научна јавност смета дека јавната дебата за рударството треба да се темели на современите технолошки решенија, а не на искуствата од минатото. Професорот Благој Голомеов од Факултетот за природни

Ребалансот носи 46 милијарди денари за капитални инвестиции, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година не е резултат на финансиска криза, туку претставува развојна мерка со која се обезбедуваат средства за капитални инвестиции
Go toTop