МНТ СО МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕТСТАВА ЌЕ СЛАВИ 80 ГОДИНИ НА 13 НОЕМВРИ

April 7, 2025
1 min read

„Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ е насловена претставата со која Македонскиот народен театар (МНТ) ќе одбележи 80 години од основањето. Претставата премиерно ќе се изведе на 13 ноември, откако првичниот датум, 3 април, кога е роденденот на МНТ, беше откажан поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март во кој загинаа 60 луѓе, а беа повредени над 200.

Од МНТ велат дека претставата ја подготвува режисерот Дејан Пројковски, со сценографот Валентин Светозарев, композиторот Горан Трајкоски, костимографката Марија Пупучевска, а Сергеј Светозарев  е дизајнер на 3Д-видеомапингот.

Во претставата ќе учествува огромна актерска екипа од ансамблот на МНТ,  соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.

„Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, уметничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината. Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ. Идејата е преку создавањето на мултимедијални сцени на оригинален начин пред сѐ преку силно визуелен израз да се раскаже за 80- годишното театарско постоење на МНТ“, велат од Театарот.

Билетите веќе се пуштени во продажба.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ избра мандатар кој ги поддржа демонстрантите контра студентите

Следно

Туфегџиќ: Обвинението е неосновано, исказот го покажа тоа

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop