МНР загрижено за протерувањето на македонската државјанка од Србија, ќе бара објаснување

January 25, 2025
2 mins read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази загриженост и дека ќе побара објаснување од српските власти, откако македонска државјанка беше протерана од Србија со забрана за влез во земјата од една година.

„Министерството за надворешни работи изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува безбедносна закана“, стои во соопштението на Министерството.

Во овој контекст, додаваат оттаму, МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права.

„Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји“, се додава во соопштението на Министерството.

Извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМм Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на невладиниот сектор која била приведена и протерана од српската полиција и депортирана од Србија во Северна Македонија. 

Во писмена изјава за МИА таа посочува дека на 21 јануари годинава за време на нејзиното учество на обука за стратегии за генерирање приходи за непрофитни организации, која се одржала од 20 до 21 јануари во Белград, се соочила со неочекуван инцидент кога по враќањето во хотелот била задржана од полицијата без јасно објаснување. Росо вели дека подоцна дознала дека и била издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци врз основа на Законот за странци. 

„По враќањето во хотелот каде што бев сместена, бев задржана од страна на полицијата и, заедно со уште неколку учесници, префрлена во полициска станица без јасно објаснување. Подоцна дознав дека ми беше издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци, врз основа на член 78 од Законот за странци. За време на процесот, не добив објаснување за задржувањето, што дополнително ја зголеми неизвесноста и вознемиреноста кај мене и другите учесници. Иако морам да напоменам дека полицијата во Белград се однесуваше крајно професионално. Веќе имам поднесено барање до Министерството за надворешни работи во Скопје за добивање информации за причините за издавање на забраната за влез, а воедно подготвувам процес за жалба на решението“, посочува Росо. 

Балканските медиуми пишуваат дека ноќта помеѓу 21 и 22 јануари во Белград вкупно 13 странски државјани од Хрватска, Словенија, Словачка, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Романија, Австрија и Чешка, биле приведени, а потоа и депортирани од Србија без објаснување. Тие биле дел од Ерсте академија за невладини организации, во организација на Ерсте фондацијата. Учесниците се приведени ноќта од хотелот во кој биле сместени во Белград без објаснување, а по неколкучасовно задржување морале веднаш да ја напуштат Србија. Притоа тие добиле и забрана од една година за влез во земјата. 

За протерувањето на граѓанските активисти вчера се огласи и Европската комисија, која побара од Србија како кандидат за членство во ЕУ да ги почитува правата на организациите на граѓанското општество. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

374 НВО реаграа на протерувањто на активистите од Србија меѓу нив и македонката Ирена Росо

Следно

Откажани летови на скопскиот аеродром поради густа магла

Latest from Blog

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој

Слот за враќањето на Трент на „Енфилд“: За него имам само убави зборови, добредојден е!

фото: Anfield Brasil (X) Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите откри како ќе го пречека дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, кој претходно играше за „црвените“. Утре Ливерпул е домаќин на
Go toTop