МНР: Петмина македонски државјани кои се во Газа побарале да се вратат во државава

October 24, 2023
1 min read

реклама


Министерството за надворешни работи, во врска со влошената безбедносна ситуација во Израел и Газа, информира дека заклучно со денешниот ден, петмина државјани на Северна Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во државава.

-Потсетуваме дека покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата Амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани. За децата се обезбедени документи за нивно враќање во Северна Македонија, а од надлежните институции во Каиро и Тел Авив добиена е информација дека сите пет државјани се ставени на листата за евакуација, за што се чека одлука за отворање на граничниот премин Рафах, наведуваат од МНР.

реклама

Исто така, додаваат оттаму, двете амбасади на Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со сите наши државјани, кои во моментот се на безбедно.

Отворањето на граничниот премин е условено со состојбите на терен и во моментот граничниот премин е затворен.

реклама

-Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542, посочуваат од Министерството.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„4-4-2“: Чарлтон најдобар играч во историјата на Манчестер јунајтед

Следно

ВИДЕО од безбедносните камери од пукањето во „Ист Гејт Мол“

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop