Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

June 24, 2026
1 min read

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија.

Од ДКСК потврдуваат дека имотната состојба на Јанушев веќе се проверува во предмет отворен во 2024 година, а информациите за бугарската фирма ќе бидат приклучени кон истата постапка.

Опозициската СДСМ побара проверка дали Јанушев бил поврзан со компанијата „Флугбан транс“ од Ќустендил и дали евентуалниот удел или деловен интерес бил пријавен во неговата изјава за имотна состојба и интереси.

Од Антикорупциската комисија посочуваат дека располагаат со ограничени можности за директна проверка на имотот и сопственичките структури во странство. Комисијата дополнително треба да одлучи на кој начин ќе ги прибави потребните информации.

Претходниот предмет за Јанушев бил отворен по пријава од Управата за финансиско разузнавање. Во фокусот била проверката на неговиот имот, вклучувајќи го и станот од 165 квадратни метри во Центар, со наведена вредност од околу 325.000 евра.

Јанушев тогаш објасни дека станот го добил како подарок од родителите и дека во првичната имотна пријава по грешка бил внесен како градежно земјиште, што подоцна било коригирано.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли новите обвинувања на СДСМ. Од партијата соопштија дека Јанушев никогаш не аплицирал за бугарско државјанство и дека не остварил приход од фирмата во Бугарија.

ДКСК најавува дека по завршувањето на проверката ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за евентуалните понатамошни постапки.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“ЗАПАМЕТЕТЕ ГИ МОИТЕ ЗБОРОВИ – ова ќе биде СРАМОТА“ Се подготвува најконтроверзниот натпревар на СП, двете репрезентации сакаат да изгубат?!

Следно

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Latest from Blog

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop