МНР демантира: Немаше договор за заедничко чествување за 151 година од раѓањето на Гоце Длечев

February 5, 2023
1 min read

Чествувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија помина во најдобар ред и без нарушување на јавниот ред и мир, со овозможен пристап на бројни официјални и граѓански делегации од Република Северна Македонија, вклучително и на официјалната делегација на Република Бугарија и на бугарски граѓани, да му оддадат почит на великанот, оцени денеска Министерството за надворешни работи на Македонија.

„Сепак, со жалење, констатираме дека во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Република Северна Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава“, потенцираат од Министерството за надворешни работи.

Оттаму како што се наведува, укажуваат дека во согласност со Уставот на С Македонија и законите, како и на меѓународното право, нашите надлежни институции се должни и ги превземаа сите неопходни мерки да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата.

„И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија. Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“, се посочува во соопштението од МНР.

Истовремено, Министерството за надворешни работи ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.

„Исто така, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев. Потсетуваме дека една од задачите на Заедничката експертска комисија за историско – образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, е да изготви препораки за заедничко чествување на историски личности. До овој момент, Заедничката комисија нема изготвено препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев“, потенцираат од МНР.

Како што се наведува во соопштението, на официјалната бугарска делегација предводена од вице-премиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, како искрен и последователен гест ѝ беше овозможено непречено да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Црквата „Свети Спас“ денеска затворена за посетители, присутни се неколку полицајци

Следно

Брнабиќ: Сите се молат на Бога Вучиќ да остане претседател на Србија

Latest from Blog

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите

Коњановски во центарот на градот со кампањата „Предложи идеја“

На Широк Сокак, во центарот на Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја продолжи кампањата „Предложи идеја“, чија цел е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општината.

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го

Донарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“

Фото: Манчестер Сити/Твитер Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, потпиша договор со Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок. По потпишувањето, тој се соочи со мал проблем при изборот на бројот што
Go toTop