МКЦ: Шокирани сме и згрозени од изјавата на Арсовска, таа тврди изнесена e готовина од 100.000 евра без основа

January 26, 2023
1 min read

Програмскиот колегиум на ЈУ МКЦ е шокиран и целосно згрозен од изнесувањата на прес конференцијата на Градоначалничката на Град Скопје.

Најостро ги ДЕМАНТИРАМЕ изнесувањата на прес конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст.

Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања.

За таа цел, свикуваме итна прес конференција во ЈУ Младински културен центар во петок, 27.01.2023 во 10 часот на кои ги свикуваме медиумите и заинтересираната јавност, за одговор од страна на МКЦ.

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на доскорешниот директор на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев, му порача да и се извини, за како што вели, изнесените лаги во изминатиот период, или во спротивно ќе добие тужба пред суд.

Арсовска на денешната прес-конференција го обвини Богоев дека ангажирал противзаконски 250 лица како хоноррарци, од кои повеќето биле блиски до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. На 90 пати биле ангажирани шанкери на испомош, од кои највисокиот хонорар бил 750 евра.

Богоев на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата, а договорот му заврши изминатата недела, по што во медиумите објави дека трпел огромни притисоци од Град Скопје.

 

Во 2022 постигнати се преку 250 договори спротивно на закон,  без да се ангажира авторска агенција. Зборуваме за 250 ангажмани спротивно на позитивните законските прописи за кои ќе треба да се даде отчетност. Исплаќани се илјадници евра без почитување на ниту една постапка, ниту закон

Меѓу нив има истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, а има над 90 за времено ангажирање на шанкер за 350 до 750 евра на месец.

Од главната благајна се подигнати 100.000 евра без основа за повлекување на овие парични средства. Тоа се над 6,2 милиони денари во готово, наведе Арсовска.

Таа демантираше дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Минатата година на МКЦ од основниот буџет му следувале 10,7 милиони денари, а оваа година 8,7 милиони денари.

Што се однесува до сумата за дотации од Град Скопје, лани биле 34 милиони денари, додека оваа година се издвоени 34 милиони денари. Намалувањето е незначително, и не поради тоа што нема интерес Град Скопје, туку МКЦ мора да работи и самоодржливо.

Има потенцијал да работи без субвенции и дотации, има сопствени приходи од над 33 милиони денари.

Не е скратена програмата, договорот на в.д. директорот му заврши, а притисок во целот отфрламе дека имало, Ванчо Богоев ако не се извини за лагите со кои му штети на угледот на Град Скопје, ќе треба тоа да си го докажува пред суд, рече Арсовска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси подготвен да го продолжи договорот со ПСЖ на уште две години

Следно

Абрамс имаат оклоп што е премногу таен за да биде испратен во Украина

Latest from Blog

Општина Прилеп: Започнува нова превентивна акција за намалување на комарците

Општина Прилеп информира дека во среда, 29 јули 2026 година, ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција на нејзината територија. Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје,

Клиниката за урологија доби современи оперативни сали според светски стандарди

Универзитетската клиника за урологија официјално ги пушти во употреба новите оперативни сали, современ хируршки комплекс изграден и опремен според највисоките светски стандарди. Новите сали овозможуваат значително подобрување на условите за изведување хируршки

Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

БИТОЛА – Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што

Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот
Go toTop