МКД: МЕПСО донации даваше за портали, фитнес клуб, за школа за танц…

August 28, 2024
1 min read

Иако за годинава за спонзорства и донации државната компанија МЕПСО планирала да потроши 12.300.000 денари, до јуни годинава за тоа се потрошиле 22.712.500 денари, нешто повеќе од 10 милиони денари од планираното.  Од МКД.мк чекале  повеќе од еден месец на одговорите на прашањата за критериумите на распределбата на парите за донации и спонзорства и за причината за пречекорувањето на предвидениот фонд. Одговор нема.

Според документите кои ги добивме, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари).

Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО додели 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk.

На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. 22 Ноември е Ден на азбуката на албанскиот јазик.

За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци.

Картинг клубот Рено од МЕПСО како донација доби 150.000 денари. Школото за танц Прима данца во април добило 300.000 денари како спонзорство.

МКД.мк

МЕПСО дало пари и за филмаџиите – друштвото за филмска и аудиовизуелна продукција ПИК продукција од Прилеп добило 300.000 денари донација.

И она што е најинтересно, а тоа е како менаџменот на МЕПСО може да ја образложи донацијата за фитнес клубот Динамикс од Кичево од 200 илајди денари.

Од МКД се уште чекаат одговори.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десет загинати во израелски напади во северниот дел на Западниот Брег

Следно

Краби во Охридско езеро и на шеталиштата

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop