Мизрахи: Никој не е против европската иднина на државата, но таа иднина не треба да е во согласност со овој договор, кој ние го имаме денеска

August 24, 2023
1 min read

„Апсолутно никој не е против европската иднина на државата бидејќи таа е нашата иднина. Ние сме членка на НАТО и припаѓаме на европско тло и нашата патека е кон Европската Унија меѓутоа не во согласност и договор на протокол кој ние имаме денеска“, рече пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Во однос на Маричиќ таа истакна дека можеби тој е збунет и посериозно треба да разговара во партијата за она што се следните чекори за нив, а дефинитивно не се на патот кон ЕУ или Брисел.

„Ова се несериозни луѓе на политичката сцена , ова се луѓе кој од фотелјите од столче можат да бидат многу по удобни на фотелја“, изјави Мизрахи.

Таа додаде дека има пресуди донесени од страна на Стразбур кај нашиот сосед и  за тоа кој се нашите права и каков реципроцитет видовме во најмала рака од нашиот сосед.

„Ако моќта даденост од фотелјата сте ја добиле тоа не значи дека сте попаметни или дека нешто знаете да направите. Очигледно е дека од овие 7 години дека ништо не се направи во државата и ништо не знаат да направат за државата. Ниту државните интереси се одбранети ниту граѓанските интереси се одбранети, ниту некакво стратешко планирање за како државата ќе изгледа“, вели Мизрахи.

Таа посочи дека има назадување, распродажба на се живо, рушење на институциите од внатре кон надвор за сите институции.

„Имаме сосед кој има своја политика и сериозни институции кои нормално е да имаат и свои барања во кои ние како држава треба да ги држиме своите национални интереси и своите барања. Дали оваа власт дојде да ги брани националните, граѓанските интереси и развој на државата? Наспроти тоа добивме разорана, украдена држава, демолирализиран народ“, потенцираше Мизрахи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција се „премисли” и побара помош од Албанија која ќе испрати 10 возила и 50 пожарникари

Следно

Лацио има нов голман

Latest from Blog

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на
Go toTop