По наодите на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија директорите не дале забелешки, што значи дека стојат зад истите и ги потврдуваат, а во самиот извештај има низа на неправилности во работата на Онкологија, рече пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.Осврнувајќи се на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија, Мизрахи упати низа на прашања до државниот ревизор Максим Ацевски. „Колку вработени се распоредени на работни места според правилникот за систематизација, колку од истите не се во согласност со систематизацијата, дали има вработени на Клиниката со несоодветно образование, дали вработените земаат помали или поголеми плати кои се согласно колективниот договор или не се. Исто така дали е разгледана систематизацијата на Клиниката“, праша Мизрахи.Мизрахи постави прашања и во врска со набавката на лекови за малигните болни кои се лекуваат на Клиниката за онкологија.

„Набавката на лекови би требало да го прави стручен колегиум, во планот кај стручниот колегиум треба да има заклучоци кои одат до Фондот за здравствено осигурување, што содржеше планот на Клиниката до ФЗО и кој го доставил, потпишал планот доставен до ФЗО, бидејќи согласно наодите на Државна ревизија на Клиниката немало стручен колегиум, прашање е дали и воопшто постоел“, го праша Мизрахи ревизорот Ацевски. Мизрахи укажа дека и констатацијата на ревизијата дека се земани, набавувани лекови на реверс без јавна набавка само по себе е кривично дело.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.