Мицотакис: Северна Македонија може само корист да има од добрите односи со Грција, европскиот пат минува низ Атина

May 26, 2024
1 min read

Северна Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во деталното и опширно интервју во неделниот весник, Мицотакис говори за евроизборите, за внатрешната и надворешната политика, како и за односите за нашата земја и порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање, но и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.

-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.

Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.

– Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бањаја победи на ГП во Каталуња

Следно

Во невремето што ја зафати американската сојузна држава Тексас загинаа пет лица

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop