Мицотакис: Секогаш се стремиме кон добри односи со соседна Турција

May 15, 2024
1 min read

Секогаш се стремиме кон добри односи со нашиот сосед. Но, како што добро знаете дека Грција не отстапува од своите цврсти позиции и секогаш самоуверено ќе го брани својот национален суверенитет и суверените права, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Говорејќи пред граѓаните во областа Еврос, за време на вчерашната негова посета, Мицотакис посочи дека секојпат кога е во конкретниот регион се сеќава на два настани, за кои рече дека „засекогаш ќе останат врежани во неговата меморија“.

Едниот е пожарите во Еврос, а вториот, настаните од март 2020 година со проблемот со мигрантите, за што истакна дека успеаја да ги заштитат границите на Грција и Европа, а „резултатот се гледа и денес“.

-Грција можеби е единствената земја во Европа во која мигрантското-бегалското прашање не е предмет на предизборна дебата. Зошто; Затоа што едноставно успеавме и го контролиравме проблемот. Ефикасно ги заштитивме нашите граници, ја завршивме нашата работа и ја почитувавме нашата обврска кон грчките граѓани, порача Мицотакис.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како животот да ми беше лага – битката на Мирјана од дома до Стразбур

Следно

Авировиќ Бундалевска: Родителите треба да им објаснат на децата дека постојат различни модели на семејства

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop