Мицотакис: Само силни влади можат да продолжат со храбри реформи

May 21, 2023
1 min read

Прелиминарните резултати покажуваат дека конзервативната Нова демократија на Мицотакис има најмногу гласови на изборите, но и дека нема доволно мнозинство за сама да формира влада, објави Ројтерс

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на денешните парламентарни избори, велејќи дека има мандат да формира силна, независна влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека конзервативната Нова демократија на Мицотакис има најмногу гласови на изборите, но и дека нема доволно мнозинство за сама да формира влада, објави Ројтерс. Како што наведе тој, само силни влади можат да продолжат со храбри реформи.

„Гласачките ливчиња кажуваат се. Тие покажуваат дека Нова демократија ја доби довербата на народот да владее, да биде силна и автономна. Милиони грчки граѓани гласаа за Нова демократија. Одличниот резултат ја покажува волјата на народот кој ни дал согласност за политичка независна влада. Народот побара нешто повеќе – да се движи побрзо на патот на напредокот и големите реформи“,

рече Мицотакис, според Си-ен-ен на грчки јазик.

Тој оцени дека „надежта ја победи суетата, а единството ја победи поделеноста“.

Претседателот на Сириза призна дека резултатот е крајно негативен за неговата партија и истакна дека изборниот циклус не е завршен. Тој изјави дека му честитал на Мицотакис.

„Игрите имаат победи и порази. Изборниот циклус не е затворен, ќе има други избори. Немаме многу време, мораме да ги направиме потребните промени. Сакам да им се заблагодарам на стотиците илјади граѓани кои не почестија со нивните гласови“,

рече Ципрас.

Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи Нова демократија е победник на изборите со 41,1 отсто, 20 повеќе од Сириза.

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“

Следно

Маурисио Покетино прави ” чистка ” во Челси

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop