Мицотакис предлага пет правила за зелена транзиција

October 21, 2025
2 mins read

Фокусирање на ефикасно искористување на ресурсите; зачувување на технолошката неутралност; одново посветување на внатрешниот пазар, како и подобро управување со пазарот, се правилата за зелена транзиција, што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги предлага во колумната за „Фајненшл тајмс“..

Мицотакис пишува дека зелениот договор на Европската Унија се наоѓа на пресвртна точка, дека високите цени на енергенсите не оставаат простор економиите да се оптоварат со дополнителни трошоци, а „во исто време, новата геополитичка реалност ја намали подготвеноста на Европа за нови односи на зависност од горива, минерали или технологии“.

– ЕУ се соочува со бројни други предизвици. Енергетската транзиција треба да ја зајакне пошироката стратешка рамка во однос на местото што Европа сака да го заземе во светот. Со оглед на овие предизвици, би сакал да предложам пет едноставни правила за зелена транзиција, пишува Мицотакис.

За ефикасното искористување на ресурсите, како прво правило, објаснува дека додека европските земји сè уште согоруваат јаглен во електрани и користат нафта за греење на домовите и во фабриките, се промовира декарбонизацијата на бродови, авиони и на најсложените индустриски процеси.

– Овој акцент на истовремено справување со сите емисии е краткорочен. Треба да ја прошириме употребата на технологии со ниски емисии кои се конкурентни, додека паралелно го продолжуваме развојот на оние што сè уште не се конкурентни, но со разумно темпо. Исто така, сè појасно станува дека последните чекори до постигнување на климатска неутралност ќе бидат скапи. Затоа, мораме да се движиме внимателно, да останеме флексибилни и да се осигуриме дека бројките имаат економска логика, пишува грчкиот премиер.

Второто правило, според него е да се зачува технолошката неутралност, вели дека „Европа потпишува договори за купување природен гас од Америка, но не поддржува експлотација на гас во рамките на ЕУ“, дека постојат многу ресурси за финансирање на водород како извор на енергија, но многу малку за нуклеарна енергија.

Третата и четвртата точка се однесуваат на внатрешниот пазар, коментирајќи дека постојат големи ценовни разлики во Европа, особено во цената на електричната енергија, а малкумина се подготвени да ја споделат својата евтина електрична енергија.

Посочува дека е потребно подобро управување со пазарот, кога пазарите на енергија, особено на електричната енергија, „стануваат сè посложени, меѓусебно зависни и нетранспарентни“, што според него е „опасна комбинација кога се работи за нешто што е од суштинско значење за човечкиот живот и за конкурентноста на Европа“.

На крајот, како петта и последна точка пишува дека „зелената транзиција не смее да биде единствената цел“.

– Со години Европа ја ставаше декарбонизацијата над сè. Другите цели, вработувањата, индустриското производство и стратешката автономија, беа поразени кога се „пресметаа“ со декарбонизацијата. Не можеме да инсистираме за оваа насока. Декарбонизацијата е од витално значење, но не е единствената цел. Ако е потребно да прифатиме одредени емисии малку подолго за да ги спасиме нашите индустрии или да ја одржиме социјалната кохезија, тогаш нека биде така. Овие дискусии мора да се водат искрено. Не можеме да тргнеме од климатската неутралност како единствена почетна точка и да се надеваме дека сè друго ќе заврши со среќен исход, пишува Мицотакис.

Грчкиот премиер истакнува дека конкретните пет правила што ги предлага се едноставни, ако сериозно се земат предвид и се смисли стратегија околу нив „постои потенцијал да се обликува многу поинаква агенда за ЕУ“.

– Верувам дека тоа ни е потребно во 2025 година. Во спротивно, може да ја добиеме трката за климатска неутралност, само за да откриеме дека сме трчале во погрешна трка. Не можеме да дозволиме ова да се случи, пишува Мицотакис во колумната за „Фајненшл тајмс“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн му верува на Компани, белгиецот со нов договор до 2029 година

Следно

СЕ ПРОДАВААТ ПРОФИЛИ НА ИКС (ТВИТЕР), еве кои се условите

Latest from Blog

Битола отвора можност за работа: 18 лица ќе бидат ангажирани шест месеци

Општина Битола го објави јавниот повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените

Нова фаза за гасниот интерконектор со Грција: Решени 96% од имотно-правните постапки

Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна

Николоски од Вашингтон: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот развој на Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот на Светска банка во Вашингтон зборуваше за значењето на паневропските транспортни коридори 8 и 10, истакнувајќи дека тие се меѓу најважните инфраструктурни проекти
Go toTop