Мицотакис: Никој нема да има корист од глобалната трговска војна

April 3, 2025
1 min read

Грција ќе игра протагонистичка улога во Европската Унија, бидејќи таму ќе се обликуваат одлуките што ќе ги донесеме за начинот на кој ќе реагираме за оваа историски невидена одлука, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за царините што синоќа ги соопшти американскиот претседател Доналд Трамп и посочи дека „никој нема да има корист од глобалната трговска војна“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис коментираше дека САД направи „промена од колосални размери во меѓународната трговска политика на земјата“ и дека „царините се историско вртење кон протекционизмот и многу нагла промена на начинот на кој функционира глобалниот економски систем со децении“.

– Исто така е отстапување и од начинот на кој Европската Унија го разбра економскиот и социјалниот напредок од нејзиното основање. Ние сме земја што отсекогаш сме биле поборници за слободна трговија и веруваме дека оваа глобална трговска војна, која сепак започна, нема да донесе корист за никој, на сите ќе им наштети и се надевам и посакувам наскоро да бидеме доведени до деескалација на овие протекционистички практики, истакна Мицотакис.

Паралелно увери дека „грчката економија, со план и со одговорност, ќе може да се справи со овие тешки предизвици“.

На царините од САД се осврна и министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис за време на неговиот говор во Парламентот, кој рече дека Грција поддржува слободна трговија и изрази надеж дека „ова поглавје ќе трае што помалку“.

– Последиците сè уште не можат да се доловат во целост, иако сигурно е дека ќе бидат негативни. Она што го видовме вчера не е статична, туку динамична слика. И, факт е дека економиите од целиот свет ќе реагираат на повеќе начини, па така ќе има не еден, туку веројатно неколку циклуси на ескалација додека не се достигне новата економска рамнотежа, рече Пиеракакис.

Дополнително посочи дека грчката Влада учествува во формирањето на европската реакција.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските реакции на тарифите на Трамп се преполни со гнев, разочарување и најави за контрамерки

Следно

Пратениците без расправа го усвоија Годишниот извештај на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop